Претседателите на Србија и Турција, Александар Вучиќ и Реџеп Тајип Ердоган ја оценија соработката меѓу двете земји како исклучително добра и истакнаа дека Белград и Анкара споделуваат исти цели и интереси во билатералните односи – надминување на проблемите од минатото и воспоставување на мир и стабилност на Балканот.
-Нашата соработка е на исклучително ниво. Турција ќе продолжи да пружа поддршка и стабилност на Балканот и да игра конструктивна улога за помош на земјите од регионот да ги остават проблемите зад себе и да соработуваат – изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со Вучиќ.
Ердоган денеска ја почна дводневната посета на Србија, во чиишто рамки се очекува да бидат потпишани девет договори од областа на безбедноста, одбраната, културата, образованието, индустријата и технологијата.
Двајцата претседатели оценија дека е зголемена економската соработка помеѓу двете земји и најавија почеток на заеднички проекти.
Вучиќ и Ердоган утре ќе бидат домаќини на трилатералниот состанок Србија-Турција-Босна и Херцеговина.