Зоран Михајлов
специјално од Доха за „Нова Македонија“
Според очекувањата, нашиот единствен претставник на Светското атлетско првенство во Доха, Јован Стојоски уште по првата елиминациска трка на 400 метри го заврши своето учество.
Тој во третата група беше последен со резултат од 47,92 секунди што е за една секунда послабо време од неговото најдобро постигнување. Очигледно настапот на едно светско сениорско првенство за него беше преголем залак.
Но, ова не треба да го разочара, зашто тој има потенцијал и со едно правилно насочување, тој потенцијал ќе избие на површина.