Сто и триесет пожарникари го гаснат големиот пожар што избувна во фабрика за хемикалии во северниот дел на Франција.
Локалните власти ги предупредија жителите на градот во северо-источна Франција да останат дома.
Евакуацијата е извршена на 500 метри од фабриката, соопштија локалните власти.
Над фабриката Лубризол, која произведува масла и мазива, според агенциите, се крева густ чад.
Училиштата во Руан, кадешто живеат околу 500.000 луѓе, ќе бидат затворени денеска.
Големиот пожар во фабриката „Лубризол“, која произведува хемикалии, избувнал околу 2,40 часот.