Книгата „Скопје, осум милениуми живот, култура, творештво“ утревечер во 19 часот ќе биде промовирана во хотелот „Белви“ во Охрид. Автори на книгата се Драги Митревски, Виктор Лилиќ Адамс, Елица Манева и Елизабета Димитрова.
Издавач е Филозофскиот факултет од Скопје, во продукција на деканот проф. Ратко Дуев, а промотор е ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Сашо Коруновски.