Британската премиерка Тереза Меј, која денеска е во официјална посета на Македонија, се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека на средбата станало збор за актуелната политичка и општествена ситуација во државава, можностите за соработка и за стратешките приоритети на државата.
Од страна на Мицковски, како што стои во соопштението, било посочено дека Македонија се наоѓа во влошена економска состојба и оти Владата демонстрира недостаток на демократски капацитет и нетранспарентност во однос на спорот со името.
Тој истакнал дека како партија се за отворени и поинтензивни односи со Велика Британија базирани на пријателство и меѓусебно разбирање.