Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител.
Советот на јавни обвинители го стави надвор од сила решението со кое и мирува функцијата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во гевгелиското јавно обвинителство,рече на денешната прес-конференција Ацо Колевски, претседател на Советот на јавни обвинители.
Собранието ја разреши Јанева од прв човек на СЈО пред истекот на нејзиниот мандат. Таа се наоѓа во притвор како осомничена во случајот „Рекет”. Во притвор за истиот случај се и осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.