Поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка заработи кривична пријава за злоупотреба на службената должност.
Како што соопшти МВР, кривична пријава е поднесена против Р.М.(60) од Крива Паланка, бидејќи во текот на 2013 и 2015 година, како директор на ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка, при склучени договори за комуникациски услуги помеѓу ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка и мобилен оператор, подигнал мобилни телефонски апарати и ТВ приемници, при што истите не ги евидентирал во книговодствената евиденција на ЈЗУ, ниту ги доделил на вработените во ЈЗУ.
Исто така, во текот на 2013, 2014 и 2015 година, пријавениот, за телефонски број регистриран на претплатник на ЈЗУ „Здравствен дом“ Крива Паланка, извршил уплата од 168.007 денари. Со ваквите дејствија пријавениот го оштетил ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка, Буџетот на РМ и Фондот за здравствено осигурување на РМ во вкупен износ од 809.607 денари.