Седумгодишно момче се удави, а неговата сестра се води за исчезната откако ураганот „Доријан“ вчера ги погоди Бахамите, прераснувајќи во невреме од петта категорија.
Со тоа тој стана најсилна бура во светот годинава. Високите бранови, обилните дождови и разорните ветрови со јачина и до 320 километри во час вчера ги погодија Бахамите, а невремето се приближува до американското копно, каде што во Флорида е прогласена вонредна состојба, а во Јужна Каролина има наредба за задолжителна евакуација.
„Доријан“ нанесе катастрофална штета на неколку острови на Бахамите, пренесе Си-ен-ен. Голем број згради и куќи се уништени или делумно поплавени.