Граѓани денеска протестираат пред Владата во знак на револт поради преквалификација на делото од „убиство со умисла“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ во случајот со загинувањето на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.
Учесниците на протестот носат транспаренти „Нема правда, нема мир“, и „Каде ви е совеста македонско обвинителство“, како и детски играчки и детска облека.
Малиот Алмир беше прегазен во 2016 година од возило кое го управувал Бобан Илиќ, откако претходно во кумановскиот Здравствен дом се скарал со родителите на детето.