Дали записникот од сведочењето на Орце Камчев за „Рекет“ воопшто стигнал до судот, ќе се проверува утре во Кривичен, за потоа да се види дали можеби протекол од таму.
-Утре ќе провериме дали во судот бил испратен записникот – изјави претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.
Од Обвинителствот за гонење на организиран криминал и корупција вчера соопштија дека копии од записникот испратиле во Кривичниот суд, со барањата за притвор на осомничени во „Рекет“. Тие, исто така, појаснија дека копија од записникот не му била дадена на сведокот Камчев.