Со истрели од оружје завршила полициска потера по дрвокрадци во атарот на скопското село Бањани.
Како што информираат од МВР, на 20 август по полноќ полицајци кои биле во контрола во близина на селото забележале комбе натоварено со дрва и презеле мерки за запирање на возилото.
Возачот на даден знак не го сопрел комбето заради контрола и истото продолжило со движење.
Во еден момент службеното полициско возило било удрено од автомобил „сеат“, а полицајците излегле од возилото и испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух со цел да го сопрат „сеатот“.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.