Во голема меѓународна акција против трговијата со малолетници за сексуално искористување, уапсени се 34 лица, додека 36 се уапсени поради други кривични дела, меѓу кои и овозможување на илегалната миграција, соопшти Европол.
Во операцијата која ја покренала британската полиција, учествувале полициски службеници од 16 земји-членки на ЕУ, а акцијата траела од 17 до 23 јуни и во неа биле проверени вкупно 127.000 лица и 63.800 возила на 1.100 локации.
Претреси биле извршени во голем број на хотели, автобуси, железнички станици, траектни пристаништа, аеродроми и гранични премини, а покрената е и кампања во училиштата за малолетниците да се информираат во врска со трговијата со луѓе.