Русија е потресена од случајот со познатата 24-годишната руска блогерка Екатерина Карагланова, која беше пронајдена мртва во изнајмениот стан каде што живеела во градското подрачје Раменки. Медиумите случајот го опишуваат како злосторство од хорор-филм, пренесува рускиот дневен таблоид „Комсомолскаја правда“.
Телото на блогерката Екатерина Карагланова било ставено во голем црн куфер. Нејзиното грло било пресечено.
Нејзините родители се посомневале дека нешто не е во ред кога таа со денови не одговарала на мобилниот телефон. Тие стапиле во контакт со сопственикот на изнајемниот станот кој отишол да ја побара. Таа прекинала контакт со семејството и пријателите на 22 јули, а била пронајдена мртва од сопственикот на изнајмениот стан во кој живеела на 27 јули.
Нејзините пријатели претпоставуваат дека мотив за убиството е љубомора поради нејзиниот екстравагантен начин на живот. Пред две години Екатерина требало да стапи во брак со 52-годишен бизнисмен, но девојката ја раскинала врската.
Таа планирала да го прослави нејзиниот 25-ти роденден во Холандија заедно со 52-годишен обожавател. Се претпоставува дека еден од нив бил во изнајемниот стан на улицата Пириева на денот на убиството.
Она што го задржа вниманието на јавноста овие шест дена беше снимката од надзорната камера на влезот на која може да се види како маж во шорцеви и капа влегува во станот. Четири часа подоцна тој излегува, но во панталони и во неговата рака на која носи црна ракавица, држи сребрен куфер. Станува збор за втор куфер, настрана од црниот во кој било пронајдено телото на руската убавица.
Извор упатен во истрагата за „Комсомолскаја правда“ изјавил дека постои голема веројатност овој маж да биде вмешан во убиството.
– Постои верзија дека во овој куфер лицето ја изнело крвавата облека. Тој можел да ја убие девојката и подоцна да се пресоблече – рекол изворот.
Но засега не е пронајдена трага на лицето со куферот. Можеби убиецот успеал да се скрие во странство.