По информацијата дека обвинителката Катица Јанева наводно наредила форензичко бришење на компјутерите во СЈО, премиерот Зоран Заев изјави дека тоа е нешто што треба да го истражат институциите.
– Тоа е дел од истраги, нека си одговорат институциите, тоа е државното обвинителство, и јас прочитав во медиумите, треба да си дадат одговори – рече Заев кој додаде дека не се труди да врти телефони за да добие информации прв.
Заев вели дека не знае за никакво форензичко бришење, но според него, се води истрага, а политичарите треба да бидат надвор од неа и треба да обезбедат слобода за обвинителите независно да работат во борбата против корупцијата, а истрагата да заврши до кој било и да води.