Вулканот Тангкубан Параху, кој се наоѓа во близина на третиот најголем град во Индонезија, денес проработи и фрлаше пепел неколку стотици метри во воздух, по што е издадено предупредување за опасност, објави „Ројтерс“.
Локалните телевизии емитуваат снимки од автомобили и мотоцикли кои се оддалечуваат од вулканот по патиштата прекриени со пепел.
Агенцијата за помош при катастрофи објави дека туристичкото место во близина е затворена и дека се проценува статусот на предупредување за опасност од вулкан.
Вулканот е околу 30 километри северно од Бандунг, главниот град на провинцијата Западна Јава.