Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија-Кичево, спроведе еко-акција на Китиното Кале. При оваа акција беа собрани седум големи пластични вреќи секаков вид на отпад, претежно пластична амбалажа и најлон кеси.
Покрај собирањето на комуналниот отпад, за првпат после подолг период беше покосена тревата на платото пред Спомен костурницата, каде што се наоѓа криптата со коските на 555 загинати борци од времето на НОВ од овој крај.
– За да ја подигнеме еколошката свест и општествената одговорност на граѓаните, ние, членовите на ЛК СДММ Кичево, спроведовме еко-акција на Китиното Кале. При оваа акција собравме седум пластични вреќи секаков вид отпад, но најмногу пластични шишиња и најлон кеси. Посебно внимание обрнавме на деловите од калето, каде што се одржуваат културните настани и пред Спомен костуницата, каде целосно ја покосивме тревата, што не беше направено подолг период. Со оваа еко-акција во добра мера му го вративме сјајот на ова култно место за сите нас кои сме од овој град – рече претседателот Виктор Алексоски.