Поради најавен протест на група граѓани со блокирање крстосница на булеварот Србија со булеварот Борис Трајковски, утре од 7 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот 12. Македонска бригада, булеварот Трета македонска бригада и улицата Народни херои.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.