Во Нов Загреб рано утрово одекна експлозија, што ги вознемири станарите од овој дел од градот.

Експлозијата се случи околу 5 часот, а разнесен е банкомат, пренесе „Индекс“.

Полицијата соопшти дека од експлозијата оштетени се прозорците и вратите на објектите покрај коишто се наоѓал банкоматот.