Во галеријата на Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде поставена четиринаесеттата завршна изложба на дела изработени од членовите на ликовното студио „Арс вивенди“, чиј ментор е академскиот сликар и ликовен педагог, Тони Шулајковски.
Интересно е што се насликани различни мотиви и делата се изработени во различни техники: масло на платно, акрилик на платно, акварел, туш, молив, сув пастел, а оваа година има и дигитална графика.
Делото „Дремката на облакот“ од Нена Бислимоски ќе биде отпечатено како корица на истоимената хаику збирка, напишана од нејзината сестра Софија Бислимоски.
На отворањето на изложбата ќе бидат доделени и дипломи од студиото за членовите од генерацијата 2018/2019 година.