Моделот „737 Макс“ на компанијата „Боинг“ нема да се врати на светските аеродроми се до месец август, првиот човек на главното трговско тело на компанијата.
Како што пишува британски „Гардијан“, моделот „737 Макс“ беше приземјен по двете несреќи кои се случија со авионите на оваа компанија, и иако производителот „Боинг“ работеше напорно за да ги поправи грешките и безбедносните системи, сепак веројатно е дека нивиот модел кај кој се јавија проблеми ќе остане приземјен во следните 10 до 12 недели, во главниот дел од сезоната за многу авио-компании.
Александре де Жуњак, првиот човек на Меѓународната воздухопловна асоцијација, изјави дека враќањето на боинзите зависи од регулаторите, како и дека се надева на глобален и унифициран план за враќање „737 Макс“ на светските аеродроми.
Приземјувањето на моделот „737 Макс“ првенствено започна во Кина и потоа во Европа, за потоа да се приклуши и Американската федерална администрација за авијација (ФАА), по падот на авионот во Етиопија во март кога загинаа сите 157 лица во авионот. Ова беше втора авионска несреќа на ваков модел на компанијата „Боинг“, со тоа што пет месеци претходно 189 луѓе загинаа во лани во октомври во Индонезија.