Истакнатата новинарка од францускиот дневен весник „Монд“, Аријан Шемaн, која ја објави приказната за скандал поврзан со помошникот за безбедност на претседателот Емануел Макрон, беше повикана на распит од страна на домашната разузнавачка служба, пренесе „Монд“ синоќа.
Шеман била повикана од страна на Генерална дирекција за внатрешна безбедност, да дојде на распит на 29 мај.
По ова, во Франција уште повеќе се зголемува загриженоста поради притисокот кој се врши врз новинарите од страна Генерална дирекција за внатрешна безбедност, откако тројца други новинари беа испрашувани од страна на оваа служба месецов.
Шеман напишала низа статии во врска со поранешниот телохранител на претседателот, Александар Бенала, кој беше отпуштен минатата година откако беше снимен како применува физичка сила врз демонстрант. Овој настан беше меѓу најголемите скандали кои го погодиле Макрон досега.
Статијата на Шеман објавена на 18 јули беше првата во која што беше пријавено дека Бенала претепал демонстрант, додека носел полициски шлем.
Од француската претседателска палата беа обвинети дека го прикриваат овој случај со тоа што не го пријавиле Бенала на властите.
Тајните служби веќе испрашаа тројца новинари кои објавија детали во врска со продажба на француско оружје на Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати.