Пратеничката Јулијана Николова од ЛДП најави дека како пратеничка група ќе иницираат закон за легализација на марихуаната, не само за медицинска употреба како што беше досега, туку за општа употреба.
Како што рече Николовска, ова законско решение ќе го иницираат со цел сите во општеството да имаат еднаков пристап. Не сакаше да коментира за нејзиниот колега Павле Богоевски и рече дека аудиоснимката на која се слуша неговиот глас не е докажано дали е автентична.
На прашањето каква е разликата помеѓу бомбите од 2015 година и оваа аудиоснимка, Николовска рече дека се работи за два различни моменти.
-Во оваа снимка што не е докажана, се надевам дека институциите ќе се занимаваат со тоа, се работи за напад на достинството на поединец, а во 2015 се работеше за цела политичка гарнитура која работеше против интересите на државата и има разлика. Дали пратениот треба да поднесе одговорност, не можам да зборувам во негово име, ќе си каже самиот- рече Николовска.
На прашањето зошто токму сега иницираат легализација на марихуаната по скандалот со Богоевски, Николовска образложи дека нема поврзаност со настанот и дека на овој проект работеле со месеци во соработка со неколку амбасади и со Здружението „Билка“.