Основното јавно обвинителство Струга поднесен Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.
Настанот се случил на 31 декември 2018 година кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Република Албанија, влегле во обложувалница во Струга.
ОЈО Скопје наведува дека, обвинетите најпрвин чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички нападнале вработена во обложувалницата, обидувајќи се да извршат силување и да и го одземат клучот од касата. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се оттргне од двајцата напаѓачи. Поради силното викање на оштетената тие побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот.
Против обвинетиот 46-годишен македонски државјанин се води постапка и од Основното јавно обвинителство Гостивар, кое го гони за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот тоа дело го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект во Кичево, нанесувајќи му убодни рани во пределот на градниот кош.