Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Aвтопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 9.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На 4.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с.Мрежичко воведена е забрана за товатни моторни возила.