Таканаречената „суперхрана“ се состои од суперсостојки што на телото му даваат сѐ што му е потребно за да биде здраво. Ова е конечниот список на храната што е здрава да се јаде:
1. Печурки
Тие се одлична нискокалорична замена за црвено месо. Печурките го регулираат нивото на естроген кај жените и штитат од рак на дојка.
Брз рецепт: исечкајте печурки и пропржете ги на масло, додајте лук и вино и динстајте ги додека не испари виното. Ова е одличен прилог со печени пилешки гради.
2. Јачмен
Житарка богата со влакна и вистински борец против зголемениот холестерол и е многу корисна за регулација на варењето на храната.
Брз рецепт: сварете јачмен и грав, додајте каков бил зеленчук и имате вкусно вариво. За подобар вкус, може да додадете парчиња пршута.
3. Ореви
Продукт богат со омега 3-масни киселини, кои го намалуваат лошиот и го регулираат добриот холестерол.
Брз рецепт: помешајте една рака ореви, суви смокви и семе од анис и имате енергетска бомба, која може да ја јадете меѓу оброци или како десерт.
4. Интегрални тестенини
Најздравиот облик на тестенини, кој содржи трипати повеќе влакна од кој било друг. Житарките со цело зрно се одлични за варење на храната и се многу здрави.
Брз рецепт: испржете малку кромид и додајте туна во маслиново масло, пченка и сечкан патлиџан. Сосот послужете го со пармезан и со интегрално тесто.
5. Путер од кикиритки или бадем
Овие продукти содржат мононезаситени масни киселини, кои се многу добри за срцето.
Брз рецепт: измиксирајте две шолји пржени кикиритки или бадеми, една и пол лажица масло, половина лажица кафен шеќер и прстофат сол. Ако сакате путерот да биде поблаг, додајте мед.
6. Киноа
Не е житарка, туку семка сродна на цвеклото и спанаќот. Богата е со белковини, аминокиселини, фосфор, магнезиум и железо и му дава енергија на телото.
Брз рецепт: киноата е прилог што оди со сите јадења. Пригответе ја наместо ориз и тестенини. Одличен додаток со варен зеленчук и пилешко на скара.
7. Боровинка
Ова суперовошје е богато со влакна, одличен антиоксидант и исклучително корисно за крвта. Тие се одличен извор на витамин Ц, фолна киселина, калиум, калциум и железо.
Брз рецепт: сладолед од ванила или јогурт прелејте со боровинка и ќе добиете здрав десерт.
8. Леќа
Спаѓа во групата зрнести мешунки. Не содржи заситени масти, како ни штетен холестерол, а е одличен извор на хранливи влакна.
Брз рецепт: леќата одлично се комбинира со домати, кромид, лук, месо, маслиново масло и овчо и козјо сирење. Може да направите вкусно вариво или да биде како прилог на месото.