Околу 40 илјади луѓе се евакуирани поради поплавите низ Парагвај, изјавија официјални лица од оваа јужноамериканска земја.
Официјалниот претставник на Националната служба за вонредни состојби, Хоакин Роа, соопшти дека над 10 илјади луѓе се евакуирани во главниот град, Асунсион, објави АП.
Останатите евакуирани лица се распоредени низ целата земја, долж надојдените реки на Парагвај.
Нормалниот водостој на реките во Парагвај е четири метри, но сега достигна 6,92 метри во главниот град, поради невообичаено обилните дождови кои паѓаат од март.