Генералoт на американското воено воздухопловство, Тод Волтерс, денес положи заклетва за нов врховен командант на НАТО во Европа.
Волтерс, кој служеше како пилот во Ирак и Авганистан, го замени поранешниот командант на НАТО во Европа, генералот Кертис Скапароти, објави АП.
Церемонијата на преземање на функцијата беше организирана во седиштето на НАТО во Монс, на југот на Белгија.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на примопредавањето на должноста истакна дека „тоа е една од најсложените воени позиции во светот”.
Волтерс ќе го надгледува најголемото засилување на силите на НАТО во Источна Европа од Студената војна.