Поголемиот дел од марихуаната што се продава на улиците на Мадрид содржи опасно ниво на фекални бактерии, покажуваат резултатите на најновото истражување.
За истражувањето биле земени 90 примероци на канабис што се продава во Мадрид, при што се најдени траги на ешерихија коли и спори на аспергилус.
Фармакологот од Универзитетот во Мадрид, Хозе Мануел Морено Перез изјави дека 40 проценти од земените примероци на марихуана мирисале на фекали, кај 10 отсто од примероците биле пронајдени спори на аспергилус, кои можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Тој истакна дека дури 88,3 проценти од примероците не биле соодветни за конзумирање.