Поранешниот УФЦ шампион Конор Мекгрегор, го најави своето враќање во спортот, само девет дена откако го објави своето пензионирање.
I want to move forward, with my fans of all faiths and all backgrounds.
All faiths challenge us to be our best selves.
It is one world and one for all ❤️
Now see you in the Octagon.— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) April 4, 2019
– Сакам да продолжам понатаму, заедно со љубителите на различни религии и националности. Сите религии не учат да сме посветени. Имаме еден свет и тој е за сите. Се гледаме во октагонот- напиша Мекгрегор на Твитер.
Ирскиот професионален УФЦ борец има 25 борби во ММА на кои забележал 21 победа. Неговата последна борба беше на 6 октомври 2018 година против рускиот борец Хабиб Нурмагомедов.
Мекгрегор го изгуби тој дуел и остана без титулата во „UFC“ лесна категорија.