Историската посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој денеска ќе престојува во официјална посета на земјава, побуди голем интерес кај голема група новинари и медиуми, кои се во исчекување на премиерот во прес центарот на Владата.
Алексис Ципрас е првиот премиер на Грција што ќе ја посети земјава.
Грчкиот премиер за време на посетата на Скопје ќе има разговори со премиерот Зоран Заев. Официјалниот пречек на Ципрас со државни и воени почести ќе биде на платото пред Владата. По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.
Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.