Скандалите околу злоупотребата на личните податоци на милиони корисници од најпопуларната социјална мрежа досега немаат значително влијание врз нејзините финансиски резултати. 
 
Ова го покажува извештајот за активностите на Фејсбук за првото тримесечје на годината, според кој периодот таа регистрирала речиси 50 отсто раст во приходите до 11,9 милијарди долари при 8 милијарди пред една година. 
 
Приходите од рекламирање достигнаа 11,7 милијарди долари, наспроти 7,8 милијарди долари за првите три месеци од 2017 година.
 
Профитот на компанијата за овој период, исто така, значително се зголеми од 3 до 4,9 милијарди долари. Интересно ќе биде да се види какви ќе бидат резултатите од актуелниот квартал, бидејќи скандалот околу „Кембриџ Аналитика“ избувна во март или кон крајот на отчетниот период на компанијата. 
 
Според податоците на Фејсбук за кварталот, бројот на активни дневни корисници се зголемил за 13 отсто годишно на 1,45 милијарди или 3,5 отсто во споредба со претходниот квартал. 
 
Во март, активните дневни корисници изнесувале 2,2 милијарди, што е исто така 13 отсто повеќе од март минатата година.