Најмалку 17 лица загинаа, а 74 се повредени во поплавите кои ги зафатија јужните делови на Иран, објави денеска иранската државна телевизија.
Иранската телевизија соопшти дека повеќето загинати се обидувале со телефон да ги снимат поплавите кои се предизвикани од поројниот дожд во близина на градот Шираз.
Погодени се провинциите Фарс, Курдистан, Ком и Исфахан, а можно е поплави да го зафатати главниот град Техеран.
Гувернерот на провинцијата Фарс истакна дека поплавите се ставени под контрола, но ги повика граѓаните да останат во своите домови.