Корисниците од улицата „Орце Николов“, на потегот од крстосницата со улицата „Аминта Трети“ до крстосницата со улицата „Мирослав Крлежа“, во Општина Центар утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на водоводен затварач со пречник од 100 милиметри на улицата „Орце Николов“ 98. Корисиниците ќе бидат без вода се до отстранувањето на дефектот.