Пејачката Дани вечерва во Македонската филхармонија ќе го одржи јубилејниот концерт „Рок-симфонија“, со кој ќе одбележи две децении успешна музичка кариера. Тоа се дваесет години исполнети со песни, кои останаа запишани во домашната музичка историја.
– Изминатиов период напорно работевме, па она што со сигурност можам да ви го ветам е вечер исполнета со одлична музика. Возбудата е навистина голема и едвај чекам да застанам на сцената, едвај чекам да се дружиме и да ви презентираме што сѐ сработивме – вели Дани.
Таа на сцената ќе настапи во придружба на Филхармониски оркестар, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Почетокот на концертот е во 20.30 часот.