Илјадници деца од сите страни на светот остануваат „заробени“ во Сирија и нивната индина останува непредвидлива и опасна, предупредуваат добротворните организации. Се проценува дека повеќе од 2,500 деца од 30 земји во светот се наоѓаат во три кампа за бегалци во оваа земја, јавува Би-би-си.
Децата се изолирани од останатото население на камповите, заедно со жените за кои се смета дека во минатото биле членови на Исламската држава (ИД). Во изминатиот период, во јавноста се отвори дебата за тоа што треба да се направи со овие деца и како треба да се постапи со нив.
Според пишувањето на Би-би-си, проблемот се појави кога голема бројка на жени излегоа во јавноста и кажаа дека жалат што се прикучиле на ИД и сега сакаат да се вратат во своите родни земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Франција и многу други, за да можат да нивните деца да растат подалеку од војната.
Како одговор, Велика Британија и САД забранија на две мајки со деца да се вратат во земјите.
Колку деца има во камповите?
Иако не може точно да се определи бројката на децата кои се останати во камповите, според бројките од истражувањето на Меѓународниот центар за радикализација (МЦР) од 2018 година, најмалку 3,704 деца-странци се внесени на територијата која ја контролирала ИД од страна на нивните родители, вклучувајќи 460 деца од Франција, најмалку 350 деца од Русија и околку 400 од Мароко.
Познатно е дека стотина од овие деца од тогаш се вратени во нивните родни земји, а постои и бројка за која се смета дека го загубиле својот живот на териториите на ИД.
Во јули, МЦР потврди дека 730 деца од 19 земји се родени на овие окупирани територии, но други непотврдени извори сметаат дека таа бројка е драстично повисока, односно е близу до 5 илјади новороденчиња.
Каде се сега децата на борците од ИД?
Од Би-би-си констатираат дека тешко може да се открие која е точната локација на децата на борците од ИД. Пред сè, тие се распространети на териториите на најмалку две земји, односно Сирија и Ирак.
Ситуацијата во камповите во северна Сирија е особено тешка, информираат од „Сејв да чилдрен“. Тие тврдат дека поради изолацијата од другото население, децата не можат да добијат доволно храна и соодветна медицинска нега. Дополнително, во камповите децата се многу исплашени од моменталната ситуација.
– Сите деца со наводна или потврдена поврзаност со ИД се жртви на конфликтот и мора да бидат третирани како такви – изјави Кристи Мекниел од „Сејв да чилдрен“.
Кои земји ќе ги добијат назад децата?
Мала бројка на деца се вратени во своите родни земји. Но, иако постојат одредени пречки за нивно враќање, како што се идентификацијата, јавноста во светот ги обвини владите за оддолжување на процесот, со цел да се избегнат носење на тешки одлуки.
Во меѓувреме, голем број на семејства кои живеат во своите родни земји понудија да ги вдомат децата. Во Русија, повеќе од 100 деца вратени и тоа на членови на нивните семејства, а земјата планира да врати уште 40 деца овој месец. Вакви ситуации се појавуваат и во многу други земји, како што се Белгија, Франција, Британија и други.
Постојат ли закани со враќањето на децата?
Според Џина Вејл, постои можност малолетните момчиња да минале низ психиолошка индоктринација и интензивни воени теренинзи на териториите на ИД, и тоа од многу мала возраст. Но, според неа, овие закани треба да се решат индивидуално со конкретните случаи.
– Доколку децата не се вратат, заканите би биле уште поголеми. И за децата родени на териториите на ИД и за постарите деца кои имаат поврзаност со групите, стигматизацијата и изолацијата од општеството може да придонесе до нивна обесправеност, а со тоа овие деца би биле подлежни на повторна радикализација во иднина – истакна Вејл.
Дополнително, таа смета странските влади треба да се грижат за децата родени на нивната територија и дека без нивно брзо враќање во родните земји и нивна брза и активна рехабилитација и ресоцијализација, тие може да продолжат со насилството научено на териториите на ИД.