Вечерва со почеток во 19 часот во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ ќе биде отворена изложба на дела од осмото издание на биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2018“ во соработка со НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

На изложбата ќе бидат претставени графики на кумановските ликовни уметници: Зоран Јакимовски, Мирослав Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Хенифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Наим Идризи, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Елеонора Накевска, Сандра Симоновска, Марио Стошевски и Дејвид Стоилковски.

Ми.М.