Залегнувањата на функционерските деца, внуци, тетки и братучеди во благопријатната топлина на државните јасли сега веќе не се квалификува како претходно озлогласената појава на фаворизирање на роднините и на пријателите при пополнување на работните места во државниот и во јавниот сектор, туку како сатисфакција за тие што во изминативе 11 години многу се изнамачиле бидејќи како опозиција не можеле да дојдат до државна работа, а приватниот сектор за нив не бил доволно комфорен. Со тоа и најавите за остри резови во државната и во јавната администрација се сведоа на интензивни пришивања, и тоа со густ штеп, на деца од фамилијата и од партијата. Правото и правната држава притоа немаат никакво влијание, како ниту во правосудството каде што исто така се блокирани реформските процеси…
Своевидниот триумфализам со кој актуелната власт го доведе до крајот макотрпниот процес за преименувањето на државата, веројатно, ќе се манифестира во уште многу други ситуации слични на онаа со завчерашното кревање на знамето на НАТО пред Владата. Јавноста, на тоа, со повеќе или помалку болка, ќе се навикне, а колку успешно е завршен процесот, времето ќе покаже. Но, многу други, исто така долготрајни и ништо помалку мачни, процеси се одвиваат без никакви навестувања и со сѐ помалку надежи дека некогаш воопшто и ќе бидат завршени. А без нивно барем задоволително спроведување, преименувањето на државата, ќе нема никаква смисла, освен што ќе остане забележано како, најблаго речено, незапаметено промашување на една политичка гарнитура.
Дали ќе се случи тоа, веројатно ќе може да се процени веќе за неколку месеци, според динамиката на ратификувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО во националните парламенти на земјите-членки како и од тоа дали налето навистина ќе се случи почеток на преговори со Европската Унија. А Унијата, исто како и НАТО, се знае што бара – реформи. И тоа подолго време. Носителите на функции во актуелната власт ги знаеја, како напамет научени стихотворби, сите услови што треба да се исполнат за добивање датум за почеток на преговори со Европската Унија. Постојано ги рецитираа, на прес-конференции, во колумни и во интервјуа, на секојдневните протести и шарените револуции…
Но во меѓувреме, на половина од своите функционерски мандати како да ги подзаборавија или, пак, почнаа сосема различно да ги толкуваат. Па, така, она што некогаш значеше сериозен конфликт на интереси, сега наеднаш се изгуби и тоа токму при реанимирањето на институцијата наречена Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси, каде што меѓу другите, беше устоличен и баџанак на парламентарниот спикер Талат Џафери така што и баџанаковиот суд ќе биде земан предвид при евентуално оценување дали во одредена ситуација Џафери бил корумпиран или, пак, кај него настапил судир на интереси. Како можеби при наводното вработување на ќерката на истиот тој втор човек во државата во државната компанија ЕЛЕМ. Но последново веќе не е непотизам, кој исто така доби друго значење за актуелната власт. Залегнувањата на функционерските деца, внуци, тетки и братучеди во благопријатната топлина на државните јасли сега веќе не се квалификува како претходно озлогласената појава на фаворизирање на роднините и на пријателите при пополнување на работните места во државниот и во јавниот сектор, туку како сатисфакција за тие што во изминативе 11 години многу се изнамачиле бидејќи како опозиција не можеле да дојдат до државна работа, а приватниот сектор за нив не бил доволно комфорен.
Јасно е дека кај секоја политичка групација, заради подобрување на конкурентноста на политичкиот пазар, постојат големи дискрепанции помеѓу ветувањата и конкретните акции, но целосно да се редефинираат некогаш крајно проблематизираните појави и состојба, веќе не е прашање на политичката умешност, туку чиста лага и измама. Тоа што притоа постои обид сето тоа да се прикаже со боите на виножито, во некаква ветувачка и добронамерна светлина, не може да ја смени вистинската содржина, од која веќе извесен период се шири неподнослива реа
Со тоа и најавите за остри резови во државната и во јавната администрација се сведоа на интензивни пришивања, и тоа со густ штеп, на деца од фамилијата и од партијата. Правото и правната држава притоа немаат никакво влијание, како ниту во правосудството каде што исто така се блокирани реформските процеси и од каде што во последно време може да се слушне само за покачувањата на платите на судиите и за статусот на СЈО. Какви било експликации за состојбите во образованието, здравството, економија… и нагласувања дека и таму реформите се или закочени или тргнати во сосема погрешни насоки, по сето ова, се непотребни.
Секој оној што од поблиску и внимателно го следел политички живот и го анализирал она што може да се нарече политичкиот говор, политичкото однесување и содржината на политичките одлуки, можел да ја воочи разликата во интерпретацијата на одредени појави и состојби од страна на претставниците на актуелната власт во распон од само неколку години. Јасно дека кај секоја политичка групација, заради подобрување на конкурентноста на политичкиот пазар, постојат големи дискрепанции помеѓу ветувањата и конкретните акции, но целосно да се редефинираат некогаш крајно проблематизираните појави и состојба, веќе не е прашање на политичката умешност, туку чиста лага и измама. Тоа што притоа постои обид сето тоа да се прикаже со боите на виножито, во некаква ветувачка и добронамерна светлина, не може да ја смени вистинската содржина, од која веќе извесен период се шири несносна реа.