Српскиот ракометар Новак Бошковиќ извршил самоубиство во семејниот дом во Црвенка. Според белградските медиуми, 29-годишниот Бошковиќ си пукал со пиштол во глава.
За време на самоубиството, во станот била неговата сопруга, а мотивот за самоубиство ќе биде утврден во текот на истрагата.
Бошковиќ играше на десната позиција, а ракометарот роден во Сомбор за време на неговата кариера го носеше дресот на Копер, Макаби Тел Авив, Татабања и Динамо Букурешт.
Тој имаше и пет настапи со десет голови за репрезентацијата на Србија. Тој беше член на селекцијата на ЕП 2016 година.