Русија и САД можно е да останат без директни летови поради проблемите на рускиот екипаж на Аерофлот да добие американска виза, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
– Не можеме да исклучиме дека нашите држави ќе останат без директни летови, бидејќи Аерофлот, која е единствена авиокомпанија, која има редовно летови меѓу Русија и САД, може да биде принудена да ги прекине, оти екипажот има се поголеми проблеми да добие американска виза – се нaведува во соопштението на Министерството.
Оттаму наведуваат дека официјалниот период на чекање за виза, кој Вашингтон го зголеми на 85 денови минатиот август, сега е продолжен на 250 дена или осум месеци, што ги прави апликациите за виза бесмислени.