Новата мини-серија на „Нетфликс“ со наслов „Шума“, адаптација на романот на Харлан Кобен, претставува уште една извонредна полска продукција на американскиот стриминг-сервис.
Трилер-серијата „Шума“ има 6 епизоди и ја донесува приказната за варшавскиот тужител Павел Копински, чија сестра Камила пред 25 години од еден летен камп влегла во шумата, од каде што никогаш не се вратила. Напнатата приказна се случува во два временски периода, во 2019 и во 1994 година, а пронаоѓањето нови форензички докази ќе поттикне лавина настани од минатото и низа непријатни сеќавања и трауми од Павеловиот адолесцентен период.