Доколку немате голем буџет или едноставно немате време да одите во вежбалница, можете квалитетно да вежбате дома без дополнителна скапа опрема.
Луѓето често мислат дека тренирањето дома не е квалитетно, но докторот Чарли Селцер, кој исто така е експерт за слабеење, наведува дека е можно да се ослабне вежбајќи дома без дополнителна опрема, но дека во секој случај треба да се обрне внимание на исхраната
Покрај тоа, тој вели дека тренингот за сила е суштински ако сакате да изгубите тежина, што секако вклучува вежби со сопствената тежина без опрема.
– Колку повеќе мускули имате, толку е поголема стапката на метаболизмот во мирување, што би значело дека побрзо согорувате калории – вели д-р Селцер.
Тој препорачува да правите вежби како стомачни, пленк и чучнувања, бидејќи тие се многу ефикасни. Исто така истакнува дека е неопходно да се прават паузи помеѓу вежбите за да се одмори телото.
Друг од тестовите за сила на телесната тежина што дава најдобри резултати е склекот. Просечна личност треба да направи околу 20 склека, но ако претходно не правела вежби за сила, треба да започне постепено.