Поради инфлацијата, пиварниците во Велика Британија почнаа да го намалуваат процентот на алкохол во пивото, а притоа да ја задржат цената иста.
– Компанијата „Грин кинг“, голем британски производител на пиво и сопственик на синџир пабови, го намали процентот на алкохол во своето популарно пиво „олд спеклд хен“ од пет отсто на 4,8 отсто – изјави портпаролот на компанијата за „Си-ен-ен“.
Најстариот британски производител на пиво „Шеперд ним“ беше принуден на овој чекор во март, кога го намали процентот на алкохол во пивата „спитфајер“, од 4,5 проценти на 4,2 проценти, и „бишопс фингер“, од 5,4 проценти на 5,2 проценти.
На овој начин компаниите реагираат на поскапувањето на суровините, енергијата и трошоците за пакување, без да ги менуваат цените или количествата на пијалакот од хмељ.
– Пиварниците се соочија со зголемување на цените во текот на изминатите две години и делумно ги апсорбираа зголемените трошоци за да избегнат клиентите да платат за нив преку повисоки цени на пивото – рече Ема Мекларкин, шефица на Британската асоцијација за пиво и пабови.
Инфлацијата на потрошувачките цени во Велика Британија во април достигна 8,7 отсто, пренесува „Си-ен-ен“.