Том Хенкс со сопругата/Фото: Фејсбук/Том Хенкс

Актерите Том Хенкс, Кристијан Бејл и Џенифер Анистон, моделот Наоми Кембел се меѓу славните личности што го слават православниот Божиќ.

Актерката Џенифер Анистон која го наследила православното христијанство од нејзиниот татко Џон Анистон, кој е роден како Јанис Анастасакис на Крит, во Грција. Актерката давала добротворни прилози за црквата под покровителство на Вселенската патријаршија.

Манекенката Наоми Кембел станала верник во Руската православна црква додека била во врска со рускиот тајкун Владислав Доронин.

Кога по вторпат се ожени со својата колешка Рита Вилсон, актерот Том Хенкс реши да стане ја прифати православната вера. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка е Гркинка од Албанија.

Ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло, при што нејзините предци живееле на територијата што денес е во Турција.

Актерот Кристијан Бејл тргна по стапките на Том Хенкс и ја смени верата поради љубов кон моделот со српско потекло Сандра Блажиќ. Тој ја прифати православната вера откако се ожени со Блажиќ во 2000 година.