Фото: Модно студио „Црнокрак“

На деветтото издание на интернационалниот избор за женска убавина „Мис туризам јунверс 2022“, што се одржа неодамна во Бејрут, Либан, Македонија ја претставуваше 19-годишната Ева Јовановска од Тетово, која успеа да освои две титули: „Мис тин“, како најдобра во конкуренција на девојки до 19 години и титулата 6-та придружничкa во конкуренција на 30 учеснички, од исто толку држави од целиот свет.

Еден од членовите на жирито кое одлучуваше за тоа кои девојки ќе освојат титули беше и Мики Црнокрак.

– Девојките поминаа прекрасни 15 дена во Бејрут, исполнети со многу прошетки, посети на фантастични места низ и целиот Либан, но се подготвуваа и за финалето кое се одржа во театарската сала на „Казино ду Либан“ во Бејрут, каде нашата Ева освен се претстави и со извонредна балетска точка преку која го покажа својот талент за танцување, а големиот аплауз од преполната сала покажа дека нејзиниот настап беше навистина одличен. Впрочем, нејзиното комплетно претставување беше на највисоко ниво – вели Мики Црнокрак.

Фото: Модно студио „Црнокрак“
Фото: Модно студио „Црнокрак“
Фото: Модно студио „Црнокрак“

Вкупна победничка на овој избор е убавицата од Венецуела, титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Киргистан, а Втора придружничка е Мис Италија.