Фото: Пиксабеј

Пријавете ги непрописно паркираните автомобили и заработете

Жителите на шведскиот град Упсала можат да заработат пријавувајќи ги своите сограѓани што непрописно паркираат. Во Шведска решија да ги наградат граѓаните што ќе пријават непрописно паркирање. Станува збор за апликација што жителите на шведскиот град Упсала можат да ја користат за да регистрираат непрописно паркирање, по што ќе им биде исплатен хонорар, пренесуваат шведските медиуми.
Креатор на апликацијата е компанијата „Скаут парк“, а може да ја користат сите Швеѓани на возраст над 16 години што поседуваат лична карта.
– Користејќи ја апликацијата, граѓаните можат да им помогнат на чуварите на паркинзите да најдат луѓе што не ги почитуваат правилата за паркирање – изјави првиот човек на компанијата, Ерик Енглунд, за германскиот магазин „Дер шпигел“.
Станува збор за паркинг-места во градот со кои стопанисува приватен оператор. Според весникот, откако корисникот ќе открие погрешно паркирано возило во предметната област, тој или таа може да го сними со својот мобилен телефон и да го пријави преку апликацијата. Потоа добива порака дека комуналните стражари се на пат кон локацијата. Ако акцијата резултира со тоа што сопственикот на автомобилот ќе добие карта за паркирање, укажувачот ќе добие бонус од 100 шведски круни, што е око