На денешен ден, 22 ноември 1963 година, беше извршен атентат над претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди, додека колона автомобили се движеа низ улиците на Далас, Тексас. Тој ден се смета за еден од најтемните во историјата на САД.
За убиството на претседателот на САД, Џ.Ф.К., бил осомничен Ли Харви Освалд, поранешен американски маринец, кој го прифатил марксизмот и извесно време пребегнал во Советскиот Сојуз. Но на осомничениот Освалд никогаш не му се судело за убиство. Откако бил задржан два дена во притвор, на 24 ноември Освалд бил застрелан од лицето Џек Руби, сопственик на ноќен клуб во Далас.
Во услови на шпекулации дека убиството е комунистички заговор, новоименуваниот 36-ти претседател на САД, Линдон Џонсон, ја создаде т.н. комисија Ворен. Таа заклучи дека „Ли Харви Освалд дејствувал сам“!
Истрагата од 1976 до 1979 година на Избраниот комитет за атентати на Претставничкиот дом (ХСЦА) исто така заклучи дека „истрелот од Освалд го уби претседателот“.
Меѓутоа, откритието на ХСЦА што одекна како бомба беше аудиоснимка направена од микрофонот на полицаец со мотор од Далас, за која се вели дека дава докази за четири истрели – односно три од Освалд и четврти од друг стрелец. ХСЦА заклучи дека имало двајца пукачи и дека атентатот најверојатно бил производ на заговор.
Шест децении по атентатот, шпекулациите продолжуваат, а теории на заговор сè уште има многу.