Фото: КУД „Бисер“ Кичево

Второто учество на Меѓународниот фолклорен фестивал кој по 23. пат се одржа во Нова Горица, Хрватска, КУД „Бисер“ Кичево го зачини со прво место во категорија изворен фолклор. На фестивалот зедоа учество повеќе од десет културно- уметнички друштва и ансамбли од Европа и според зборовите на домаќините, КУД „Бисер“ Кичево, повеќе од заслужено го освои првото место на овој престижен фестивал.

-Учеството на Меѓународниот фолклорен фестивал во Нова Горица, Хрватска, нашето културно- уметничко друштво го збогати со освоено прво место во категорија изворен фолклор. Првото место ни припадна за постановката „Копачија“ во која се содржани „Свекрвино оро“ ,„Малесора“,„Четворка“ и „Крстачка“, а првото место го надополнивме и со изведбата на оркестарот за изворни инструменти, кој се претстави со ора од Кичевско. Аплаузите на присутната публика беа најдобра потврда дека првото место за нашето друштво е наполно заслужено – истакна претседателот на друштвото, Младе Ванчопски.

Тој потсети дека друштвото на овој фестивал имало четири настапи, а покрај учеството на фестивалот во официјална конкуренција, кичевските играорци ја посетиле и православната црква во Загреб, каде од свештенството на црквата добиле повеќе информации за најзиното функционирање. З.А.