Иако позитивните ефекти на црвеното вино не треба да се преценуваат и да мислите дека можете да испиете цело шише во една вечер, овој пијалак навистина штити од кардиоваскуларни болести. Црвеното вино го спречува создавањето артериски наслаги, благодарение на специфичните хемиски супстанции – флаваноли – кои се наоѓаат во семките од грозје. Црвеното вино го спречува создавањето згрутчување на крвта и го подига нивото на добриот холестерол. Оптималната доза црвено вино е по две чаши, пет дена во неделата. Најновото истражување сугерира дека црвеното вино може да заштити од Алцхајмерова болест подоцна во животот.
Овошјето и зеленчукот, пак, се клучни намирници во борбата против ракот, бидејќи содржат растителни влакна, витамини, минерали и фитохемикалии (растителни хемикалии), како што се флавоноиди, идоли, стероли и феноли. Истражувањата покажуваат дека ликопенот, кој се наоѓа во доматите, е моќен антиканцероген агенс, а го има и во брокулата и зелката.