Фото: Пиксабеј

„Анимал френдс“ редовно апелира до граѓаните да не употребуваат пиротехнички средства за различни поводи и прослави. Иако е дозволена употребата на пиротехнички средства, но не и на петарди и факли од категориите Ф2 и Ф3, чие купување и користење веќе неколку години се забранети, од здружението „Пријатели на животните“ ги повикуваат луѓето да не користат други пиротехнички средства од овие категории, како што се ракети, воздушни бомби и огномети, бидејќи тие исто така им штетат на луѓето и животните и го загадуваат воздухот и животната средина.
Во соопштението посочуваат дека добиле голем број поплаки за нелегално пукање со петарди, но и за т.н. воздушни бомби, кои всушност се петарди испукани во воздух и најавија дека ќе бараат законска забрана за нив. Една изгубена детска рака и едно мртво животно поради употреба на пиротехнички средства е премногу, истакнуваат од организацијата.
– Позитивен тренд во светот е што градовите се откажуваат од организирање огномети и користење какви било бучни пиротехнички средства за разни прослави и се свртуваат кон начини на славење што не предизвикуваат бучава, експлозии и загадување на животната средина. Денес се достапни алтернативи како што се светлосни ефекти, дронови, ласери, рефлектори и видеомапирање – велат од „Анимал френдс“.