Руската полиција приведе пијан маж кој се обидел да го украде телото на Владимир Ленин од мавзолејот на Црвениот плоштад во Москва.
-Инцидентот се случи ноќта на 6 февруари. Маж е уапсен кога се обидел да упадне во мавзолејот каде што се наоѓа телото на Владимир Ленин и да го украде истото. Подоцна беше откриено дека човекот бил пијан – потврдија полициски извори.
Во текот на ноќта полициските службеници го забележале сомнителниот минувач како се движи близу мавзолејот. Кога почнал да ја отвора вратата и се обидел да влезе, полицијата го привела.
На местото на настанот била повикана брза помош, а лекарите констатирале дека мажот има психичко нарушување предизвикано од дејството на алкохолот.